„Батагаика кратерот“ открива шуми од минатото

Не е тајна дека мразот во Сибир е се потенок. Големи дупки се појавуваат насекаде, а најновото истражување открива дека еден од најголемите кратери во регионот, се проширува драстично брзо и покажува досега неоткриени шуми.

Познат како „Батагаика кратер“, голем број истражувачи го сметаат за аномалија во регионот. Не само што е најголем , туку зачудувачки е тоа што кратерот се повеќе се зголемува и тоа во измината декада кратерот се зголемил за 10 метри.

Жителите од околината стравуваат дека кратерот се повеќе ќе се продлабочува и ќе ги изложи во средината скриените количини на јаглерод диоксид, бидејќи тоа се случува со самото топење на мразот. Но, постои уште нешто – неодамна објавена студија покажала дека слоевите во кратерот можат да откријат климатски информации стари 200 илјади години.

Според експертите, со тие информации ќе може да се дознае како климата се менувала во минатото и како ќе се менува во иднина. Додека климата на поголемиот дел од планетата се менувала во текот на минатите 200 илјади години, сепак историјата на климата во Сибир во главно е непозната. Според експертите, денешните нивоа на емисија на C02 во атмосферата се многу повисоки отколку пред 10 илјади години. Ако информациите кои се познати до сега дадат до знаење што се случува во Сибир во изминатите години, тогаш можеби ќе можат да се предвидат и идните настани во тој регион. Експертите планираат да копаат во регионот за да ја анализираат почвата и да добијат повеќе информации со кои ќе разберат што точно се случувало во минатото.

Извор: www.fakulteti.mk

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt