Безглутенската исхрана не е поздрава за вас

A woman rejecting bread, gluten-free concept. A whole-grain loaf of bread on a rustic wooden table, and a woman rejecting it with a hand gesture.

Покрај се што ќе прочитате подолу, безглутенската исхрана е и двојно поскапа.

Храната која не содржи глутен нема неопходен бенефит за вашето здравје – се вели во новата студија.

Студијата, објавена во списанието Journal of Human Nutrition and Dietetics, ја споредува содржината на хранливи материи и цената помеѓу регуларните и безглутенските продукти во Велика Британија.

Истражувачите од Универзитетот во Хертфордшир ги процениле нутритивните и информациите за трошокот кој се прави за ваквите продукти со собирање на податоци од веб-страниците на производителите и супермаркетите.

Додека многу луѓе во денешно време почнуваат диети кои не содржат глутен на менито, или јаделе намалена количина на храна која содржи глутен, ова сепак се чини дека можеби и не е мудар можен начин на дејствување.

За луѓето со целијачна болест, исхраната без глутен е од суштинско значење, но за останатите ваквиот тип на исхрана може да предизвика недостаток на витамини, минерали и хранливи влакна.

Целијачна болест или целијакија е состојба кога глутенот ја оштетува слузницата на ѕидовите од тенкото црево, што доведува до недоволна апсорпција на нутритиентите и со тоа до состојба поврзана со потхранетост. Штом глутенот се исфрли од исхраната, ѕидовите на цревата се обновуваат, но луѓето со овој проблем целиот живот мора да внимаваат на исхраната со цел да спречат повторно појавување на оштетувањето.

Според истражувачите, нема причина зошто секој кој нема нарушено здравје како последица од исхраната која содржи глутен, треба да ја избегнува во целост.

Во однос на разликите во цената помеѓу класичната и храната која не содржи глутен, резултатите покажуваат дека, прехранбените производи кои не содржат глутен се приближно 159 отсто поскапи од класичната храна.

Одбегнувањето глутен може да предизвика контра-ефекти како на пример, да ги зголеми ризиците од кардиоваскуларни болести и равивање на дијабетес тип 2 – предупредуваат авторите на студијата.

 

Поддржете ја нашата работа: