Бил Гејтс и Лари Пејџ финансиски ја поддржаа потрагата по универзална вакцина против грип

Грипот е заразна респираторна болест која во некои случаеви (во моментов околу 1%) може да биде смртоносна. Поради лесното ширење и можноста да се појави пандемија или епидемија, како на пример птичји или свински грип, кој досега уби десетици илјади лица, за човештвото е од големо значење вакцина за спречување на грип.

Сепак, вирусите кои го предизвикуваат грипот доаѓаат од три основни вида, но со голем број мутации кои брзо се прилагодуваат, па затоа сеуште нема универзална вакцина.

Многу научници од целиот свет моментално се занимаваат со решавање на овој проблем, а сега во пресрет, со финансиска поддршка им излегуваат коосновачите на Гугл и Мајкрософт, Бил Гејтс и Лари Пејџ. Со вкупна сума од 12 милиони долари научниците ќе работат на производство на универзална вакцина против грип.

Два милиони долари за научниците би требало да бидат доволни за собирање на иницијални податоци и развој на иновативни начини за изработка на вакцина.

Потоа, онаа стратегија која е најветувачка може да се пријави за додатно финансирање од 10 милиони долари во фондацијата на Бил Гејтс, со цел да се започне со истражување на вакцината. Најрано ова може да се случи во 2021 година. Најоптимистичките проценки покажуваат дека вистинската сезона без грип може да ја доживееме најрано за 10 години.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.