За децата е подобро надвор на минус и на снег, отколку затворени дома

СПОДЕЛИ

Многу родители не дозволуваат децата да си играат надвор кога е студено, со страв дека може да настинат. Истражувањата го покажале сосема спротивното, дека на децата им е потребна игра во зимски услови, токму за да го зајакнат својот имунитет.

Ако детето од мали нозе се навикне да издржува пониски температури и студен воздух, неговиот центар за терморегулација ќе знае соодветно да реагира на такви временски услови и понатаму во животот.

Медицината докажала дека до -10 температура, ладното нема негативен ефект врз имунолошкиот систем на детето. Се разбира, во услови кога нема силен ветер или магла. Препорачливо е 60 минути играње со умерен интензитет и токму тоа ќе го раздвижи организмот до степен да делува благотворно за здравјето. Значи, колку почесто детето го носите надвор, толку ќе биде поздраво.

Педијатрите сепак советуваат да се внимава на облеката, односно таа да биде слоевита за да може нешто да се соблече доколку детето се загрее многу, да се спречи потење. Капа, ракавички и шал се задолжителни за да се заштитат откриените делови.

Престојот на дневна светлина го подобрува очниот фокус и ги одмара очите. Исто така, за психолошкиот развој е важно детето да има контакт со природата.

Загрижувачки е податокот од едно истражување направено во Велика Британија кое покажало дека денешните деца поминуваат помалку време надвор, отколку затворениците во затворите.

Секое десетто дете во Британија, не било во парк, во шума, на плажа ниту еднаш во годината, а над 75% од децата поминуваат надвор помалку од еден час дневно. На зима ова време се намалува на само 10 минути дневно, кои главно се сведуваат на одењето во училиште или градинка.

Премногу затоплените простории пак, имаат негативен ефект врз здравјето на децата. На топло, бактериите и вирусите многу полесно се размножуваат, децата се потат прекумерно и се изложени на ризик од настинки.

 

Во соработка со: Gostivarpress.mk

Дискусија

Коментари