Грип: Ова е вистината која жените поретко сакаат да ја слушнат.
Новата студија покажува дека мажите всушност се поподложни на настинка и повеќе страдаат содека трае грипот, бидејќи високото ниво на тестостерон може да го ослабне имунолошкиот систем.
Студијата спроведена од страна на Факултетот за медицина на Стенфорд, ги испитувала реакциите на мажите и жените при вакцинација против грип. Во текот на истражувањето е открено дека жените генерално имаат посилен одговор против антителата, за разлика од мажите, што им дава подобра заштита од вируси.
Мажите со пониско ниво на тестостерон исто како и жените имале подобар имунолошки одговор – се вели во студијата објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.
“Естрогенот го стимулира имунолошкиот систем, а тестостеронот го потиснува”, вели д-р Маркус Алтфелд, раководител на Одделот за имунолошки истражувања при Институтот Хајнрих Петте во Хамбург, кој ја истражува биологијата на човечките патогени вируси. “Женскиот имунолошки систем реагира значително побрзо и поагресивно кон патогени микроорганизми од мажите”, објаснува тој.
Научниците признаваат дека не е сосема јасно зошто овој хормон е фактор кој истовремено го прави машкиот пол посилен и послаб. Веруваат дека еден од можните одговори треба да се побара во далечното минато, со оглед на тоа дека имунолошкиот систем на човекот се развива веќе милиони години наназад.
“Во камено време нашите предци живееле во пештери и биле изложени на разни опасности. Целта на женскиот имунолошки систем во тоа време и денес е иста, – да се заштити нероденото бебе или новороденчето. Поради тоа, женскиот имунолошки систем мора да биде извонредно силен”, порачува д-р. Алтфелд.
И Grubeck-Loebenstein го поврзува женскиот имунолошки одговор со породувањето и мајчинството: “Ефектот на естрогенот врз зајакнатиот иммунолошки систем е особено силен кај младите жени после пубертет. Со текот на годините тој се намалува, особено после климакс”.
Како и да е, тој додава дека тестостеронот не е единствениот фактор кој ги прави мажите понеотпорнаи на вирусни инфекции и настинка. “Мажите често се навикнати на нездрава храна, и се генерално помалку дисциплинирани кога станува збор за болести, и тие се особено кога станува збор за вакцинација”.