Се работи за роботичка направа која се закачува на рачниот зглоб и која носи два долги прсти.Движењата на овие “дополнителни прсти”се контролирани со специјално дизајниран алгоритам кој овозможува тие да се движат синхроно со прстите на корисникот.
Ова е потполно интуитивен и природен начин на придвижување на овие прсти.Не е потребно корисникот да му задава команди на роботот – доволно е само да ги движи своите прсти.Тогаш роботот реагира и им помага на вистинските прсти.
Алгоритамот што ги контролира бионичките прсти е базиран на два основни шаблони на движење,а тоа се истите што ги користи човекот кога фаќа некој објект.Првиот е приближување на прстите еден кон друг ,а вториот е свиткување на прстите навнатре.
Само со користење на овие две едноставни движења ,бионичките прсти му овозможуваат на корисникот да користи само една рака за работи кај кои е потрбно да ги користи двете,како на пример:бионичките прсти ја придржуваат теглата додека вистинските прсти го одвртуваат капакот.
Натамошните исражувања се во насока на усовршување на овој прототип,меѓудругото да може да држи потешки предмети или како прстите да бидат позиционирани за да можат да фаќаат предмети што се лизгави.
Покрај тоа,истражувачите се надеваат дека ќе пронајдат начин како роботот да ги фаќа предметите на начин како тоа вообичаено го работи корисникот.Одредени движења како фаќањето јаболка на пример,се разликуваат од човек до човек.
Истражувачите се надеваат дека со време ќе развијат технологија со која ќе овозможат роботот да се адаптира и прилагоди на специфичните карактеристики на корисникот ,слично како кај говорната команда (Siri)што го користи iPhone на Apple.Очекувањата се дека овие роботски прсти ќе најдат широка примена,посебно кај лицата со ограничени способности.
“Секако, за да може овој корисен робот да најде широка примена,ќе биде потребно да се усоврши и редизајнира.Неговата величина би можела да се редуцира на третина и да се направи во форма на рачен часовник или бразлетна од коде би излегувале прстите и по завршената работа би се вратиле внатре во часовникот.Ваквите направи се можност роботите да ги доближиме до нашиот секојдневен живот”
вели Harry Asada,професор по инжинерство на MIT.