Блескави дијаманти на небото

Поединечните ѕвезди, односно ѕвездените системи со само една ѕвезда која гравитациски не е поврзана со други ѕвезди, се често занемарени во однос на нивните поголеми космички системи. Но, кога ќе ги здружат силите, тие создаваат неверојатни глетки кои ги засенуваат дури и најсјајните маглини или галаксии.

Оваа фотографија од телескопот „Хабл“ го покажува ѕвезденото јато „Trumpler 14“ – една од најголемите групи на жешки, масивни, светли ѕвезди во Млечниот Пат која се наоѓа на оддалеченост од околу 8.000 светлосни години, кон центарот на добро познатата маглина Кобилица.

Со само 500.000 години, ова е едно од најмладите ѕвездени јата во рамките на оваа маглина која формира нови ѕвезди со неверојатна брзина, предизвикувајќи неверојатен визуелен приказ.

Астрономите проценуваат дека во „Trumpler 14“ има околу 2.000 ѕвезди кои варираат во големина – од една десетина до неколку десетици пати од масата на Сонцето. Најистакнатата и најсветлата ѕвезда на оваа слика е суперџинот „HD 93129Aa“ која воедно е една од најблескавите и најжешките ѕвезди во целата наша галаксија – приближно 2,5 милиони пати посветла и 80 пати помасивна од Сонцето, со температури на површината поголеми од 50.000 степени.

Поддржете ја нашата работа: