Бројот на поларните мечки може да се намали за една третина до средината на овој век, покажува една студија за тоа како топењето на мразот на Арктикот влијае на поларните мечки.
Веројатноста за популацијата на поларните мечки, која се проценува на 26.000, покажува намалување на повеќе од 30 отсто во текот на следните 35 години, се вели во студијата.
Другите студии дошле до ист заклучок, а меѓу нив и последната студија на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), која ги следи загрозените видови на својот црвен список.
Животот на поларната мечка (Ursus maritimus) е поврзан со леденото море. Нејзиното омилено живеалиште е “Арктикчкиот прстен” – водата и арктичкиот архипелаг.
Иако поларните мечки немаат природни непријатели, се сметаат за загрозен вид поради неухранетост и гладување, предизвикано од губење на живеалиштето. Поради порастот на температурата и топење на Арктичкиот океан, каде мечките ловат фоки, тие се приморани да се повлекуваат на копно пред да соберат доволно храна. Недоволната исхрана ја намалува можноста за преживување на мајките и младенчињата. Затоплувањето исто така носи и многу заразни болести.
Новата студија, објавена во списанието „Royal Society’s Biology Letters“ е досега најсеопфатна икомбинира сателитски податоци за Арктикот направени во текот на 35 години, со сите познати промени од 19 групи на поларни мечки, распространети на 4 еколошки зони на Арктикот.
Истражувачите предводени од Ерик Регер од Агенцијата за заштита и унапредување на животот во дивината во Енкориџ, на Алјаска предвидуваат три сценарија и ниту едно не е добро за поларните мечки.
Првата претпоставка е пропорционално смалување на мразот и поларните мечки, со оглед на тоа што досегашните истражувања на Арктикот покажуваат дека првото лето без мраз ќе се случи околу 2030 година.
Во втората и третата претпоставка се изнесува истото предвидување за мразот во склад со расположливите податоци за промените кај поларните мечки во периодот што вклучува најмалку 10 години.
Со оглед на овие претпоставки, веројатноста дека бројот на поларните мечки ќе се намали за една третина во период од 35-41 години е поголема за 70 проценти, заклучува студијата.