„CERN“ се подготвува за второ полувреме


Втората фаза на работата на Големиот хадронски судирач следи после двегодишна техничка подготовка со цел да се удвои енергијата што ја постигна првиот пат.

„Со ова ново енергетско ниво, Големиот хадронски судирач отвора нови можности за физиката и за идните откритија. Со нетрпение очекувам да видам што уште крие природата за нас“, вели генералниот директор на „CERN“, Ролф Хојер.

На 9-ти декември, снагата на магнетите од еден сегмент на хидронскиот судирач, една осмина од кругот, била успешно подигната на потребното ниво за зракот да може да  достигне 6,5 TeV, потребната почетна енергија за втората фаза. Целта за 2015-та година е да се работи со два протонски зрака за да се произведе колизија од 13 TeV – енергија што досега не e достигната со ниту еден акцелератор.

„После огромната работа во изминативе две години, Големиот хадронски судирач е речиси како нова машина. Рестартирањето на овој извонреден акцелератор е далеку од рутина. Сепак јас сум убеден дека ќе биде спремен до мај 2015 година, како што е планирано“, вели Фредерик Бордри, еден од директорите на „CERN“.

Четирите најголеми експерименти на хадронскиот судирач: „ALICE“ , „ATLAS“ , „CMS“ и „LHCb “, по периодот на исклучување со цел програмски да се подобрат, исто така се наоѓаат во финалната фаза на подготовка пред вклучувањето во втората фаза.

Поддржете ја нашата работа: