Чекор напред во борбата со Паркинсоновата болест

Нова студија на истражувачи од Норвешка, открива нови механизми позади Паркинсоновата болест, кои можат да бидат клучни за идните третмани.

Повеќе од 10 милиони луѓе во светот имаат Паркинсонова болест. Причината за оваа болест е непозната и оттука не постојат ефективни третмани. Студијата од Универзитетот во Берген (UiB) посочува дека, можеби тајната на оваа болест лежи во митохондриите, извори на енергија за клетките.

“Се надеваме дека нашите наоди ќе бидат клучни за наоѓањето третман. Генерално многу малку се знае за механизмите кои ја предизвикуваат Паркинсоновата болест. Сега ние сме чекор напред за да ги разбереме и го искористиме тоа сознание”, вели неврологот Д-р Каралампос Зулис на Одделот за клиничка медицина и Универзитетската болница Хокеланд.

Стареење на мозокот

Се чини дека проблемот лежи во микроскопските центри за енергија кои се наоѓаат во ќелиите на мозокот кои не се способни да се прилагодат на ефектите на стареење кај луѓето со Паркинсонова болест. Митохондриите соджат своја сопствена ДНК, која управува со нив.

“Познато е дека ДНК-та на митохондриите се оштетува со текот на стареењето, предизвикувајќи слабост во енергетските генератори, недостаток на енергија и болест,” вели Зулис.

Споредба на мозочните клетки

Во студијата на Зулис, неговиот тим споредувал мозочни клетки на здрави постари лица со оние кои имаат Паркинсонова болест.

“Верувам дека пронајдовме суштински биолошки механизам кој треба да го заштити мозокот и пред се ке користи како превентива од ваквата штета. Интересно е тоа што резултатите од споредбата  на мозочните клетки покажуваат дека овој механизам не функционира кај лицата со Паркинсонова болест, правејќи го нивниот мозок поподложен на ефектите на стареење”, објаснува Зулис.

Факти за Паркинсоновата болест:

– Хронична болест која го напаѓа нервниот систем;

– Застапеноста на болеста се зголемува со текот на годините. Обично се дијагностицира на 55 годишна возраст;

– Се појавува кај 100 од 100.000 лица;

– Првите симптоми обично се вкочанетост и споро движење на екстремитетите.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.