Во мај 1969 година, астронаутите на НАСА кружеа околу Месечината како дел од последната мисија (Аполо 10) пред Нил Армстронг и Баз Олдрин да зачекорат по нејзината површина неколку месеци подоцна (Аполо 11).
Кога астронаутите се наоѓале на далечната (или темната) страна од Месечината, тие слушнале чудни необјаснети звуци што ги нарекле „музика од вселената“.
Сега, се појавија аудио снимките од тој настан и може да ги слушнете на следниов линк.
НАСА вели дека целиот запис од средбата е јавно достапен уште од 1973 година, но со оглед на тоа што тогаш немало интернет, дигиталните податоци за раните мисии се објавени подоцна. Според НАСА, оваа аудио снимка тогаш поминала речиси незабележано се до овој викенд кога била прикажана во новите серии на „Discovery“ кои се наречени „Необјаснети досиеја на НАСА“ (NASA’s Unexplained Files).
Она што е можеби највпечатливо во снимката, е самата реакција на астронаутите на Аполо 10 кога ќе ја слушнат „вселенската музика“. На научниците воопшто не им е лесно да ја објаснат.
Едно објаснување од документарецот на „Discovery“ е дека наелектризираните честички може да предизвикале пречки во радио комуникациите – нешто слично на пречките кои НАСА ги имаше со вселенското летало Касини кое орбитира околу Сатурн. Но, за разлика од Сатурн, Месечината нема атмосфера или магнетно поле, па наелектризираните честички не би можеле да емитуваат нешто што може да се регистрира како радио сигнал.
Во моментов, најдоброто објаснување на научниците е дека со оглед на тоа што астронаутите ја слушале „музиката“ речиси еден час, и тоа додека ги оделиле и потоа повторно ги споиле командниот и лунарниот модул, бидејќи се подготвувале за слетувањето на Месечината на 21 јули, „музиката“ да е резултат на мешањето на радијата на двата модули.
Како и за се останато, постојат поделени мислења за ова објаснување, па токму затоа и спаѓа во категоријата на необјаснети досиеја на НАСА.
Погледнете го видеото и прочитајте го целиот запис на следниов линк.