Copy of Правото на приватност во дигиталниот свет

Во новата студија од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, се опфатени правила на приватноста кои ќе бидат од суштинско значење и важен дел од нашата дигитална иднина.

„Како општество, мораме да се обидеме да ги зачуваме човечките вредности врз кои се изградени нашите политички, социјални и економски институции, и мора да се чувствуваме сигурни во врска со нашиот дигитален свет”, истакнува Ричардс, професор по право на Универзитетот.

Ричардс е меѓународно признат авторитет за законот за приватност и информации. Тој е коавтор на новиот труд ” Big Data and the Future for Privacy“,  заедно со Џонатан Х. Кинг, каде што истакнуваат три основни точки за иднината на приватноста.

„Прво, ние самите треба да го промениме мислењето за приватноста“, вели Ричардс. „Приватноста не е само чување тајни, туку ги опфаќа и правилата кои ние ги користиме за регулирање на информациите“.

Второ, научниците сугерираат дека заштитата на приватноста е и средство за заштита на другите вредности, вклучувајќи ги идентитетот, рамноправноста, сигурноста и довербата.

Трето, свесни за комплексноста на нашето дигитално општество,  Ричардс и Кинг ја потенцираат потребата од промена на сегашната регулатива за заштита на податоци и развој на дигитална етика.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.