Дали брзата храна влијае на плодноста?

Австралиски научници спровеле истражување и заклучиле дека брзата храна не придонесува за забременување, при што реткото конзумирање на овошје го зголемува ризикот од неплодност, додека секојдневното конзумирање на повеќе порции овошје го скратува времето кое е потребно жената да забремени.

“Сè што јадете преку крвотокот стигнува до јајниците и тоа може да влијае на плодноста”, велат австралиските научници.

Исхраната богата со маснотии, шеќери и сол може значително да влијае на промени во организмот. Тие генерално сметаат дека храната која ја внесуваме е се позагадена и хемиски процесирана, што директно влијае на плодноста.

“Студијата во поширока смисла покажа дека храната и прехрамбените навики генерално влијаат врз плодноста Глвната порака од оваа студија вели дека процесираната храна е многу лоша, а свежото овошје или зеленчук се исклучително добри за поттикнување на плодноста”, вели Рај Матур, ко-автор на студијата.

Во студијата, чии резултати се објавени во списанието Human Reproduction, учествувале 5600 жени на возраст од 18-43 години. Сите во почетна фаза на бременоста.

Во анкетата морале да одговорат прашања за начинот на нивната исхрана во месецот кога е зачнат нивниот плод и колку време им требало да забременат од почетокот на настојувањето.

“Откривме дека најмногу време за забременување им требало жените кои јаделе помалку овошје”, вели авторот на студијата Клер Робертс од Австралискиот истражувачки институт Робинсон при Австралискиот универзитет Аделаида.

Научниците ги советуваат жените доколку имаат проблеми со плодноста да внесуваат повеќе овошје, зеленчук, семиња, мешункасти плодови, како и млеко и млечни производи.