Компанијата Fruit Mould Co од Suzhou на истокот од Кина има развиено навистина необичен начин на одгледување на овошје и зеленчук. Тие се специјализирани во правење специјални калапи кои го менуваат класичниот облик на овошјето и зеленчукот.
Компанијата им нуди на земјоделците калапи со разни облици за одгледување, и така лубеницата на пример, може да нарасне во облик на срце или краставицата во облик на ѕвезда.
Компанијата верува дека ваквите калапи ќе им овозможат на земјоделците да го завртат вниманието на купувачите, а воедно да ја зголемат цената на својот производ. Се што е различно и единствено, по нивно мислење, гарантира успех на пазарот.
Доколку општеството ги прифати новите идеи, и почне да вложува во нив, можеби ќе им се отворат нови можности и на таков начин ќе бидат подобри од својата конкуренција.
Освен производството на калапи, од компанијата ги советуваат земјоделците како чекор по чекор да го претворат плодот во посакуваниот облик. Самата постапка не е комплицирана Земјоделците мораат да ги постават калапите преку стеблото на овошјето или зеленчукот, и додека плодот расте, полека го пополнува празниот простор.
На нивната интернет страна се наоѓаат голем број производи кои се продаваат ширум светот.