Дали глутенот е тајната за здрава коса?

Протеинската компонента која е присутна во пченицата, ‘ржта и јачменот, наречена глутен, во последно време поминува низ лоша ПР фаза. Но, без оглед на тоа кои се вашите ставови околу безглутенската исхрана, контроверзната житна состојка прави разбранува нови погледи во областа на личната нега.

Една студија предводена од Факултетот за наука и технологија за храна при Универзитетот Џијангнан, Кина, му дава шанса на глутенот да ја врати својата изгубена наклонетост на луѓето со откритието дека може ефективно и евтино да ја регенерира косата, поточно расцветаните врвови.

Човечката коса е главно составена од врзани молекули на протеинот наречен кератин, како и од помали пептиди. Текстурата на секое влакно определува со формирање на молекуларни врски помеѓу различните кератински влакна, наречени дисулфидни мостови. Појавата на мазна, здрава коса произлегува од униформните дисулфидни мостови кои ја задржуваат надворешната површина на косата тесно поврзана.

Обликувањето на косата со многу висока температура, УВ зрачењето и одредени хемикалии, вклучувајќи ги они кои се наоѓаат во многу козметички производи, ги кршат овие мостови, бидејќи внатрешноста на косата не се држи правилно. Регенераторите и сличните третмани само ја поправаат текстурата, измазнувајќи го влакното со пополнување на празнините на новите протеински молекули.

За жал, повеќето формулации во голема мера се неефикасни бидејќи слободните протеини се неутрално наелектризирани кај повеќето производи за коса. Ова значи дека тие нема да се врзуваат со постојните кератински влакна на косата, кои се негативно наполнети со таа pH вредност (5 – 6).

Внесете протеини од пченица. Глутенот е одличен кандидат за опоравување на косата затоа што е евтин и неговите композитни молекули содржат многу дисулфидни врски.

Истражувањето, објавено во Royal Society Open Science journal, го надминува овој проблем со објаснување дека хемиската компонента, наречена EDDAC ќе го претвори глутенот во слободни пептиди кои се позитивно наелектризирани и ќе ја поврзе косата со pH од 5-6.

За тестирање на потенцијалниот бенефит, научниците додале глутен во шампон. Откако измиле човечка коса, новоформираните дисулфидни мостови биле визуелно потврдени со употреба на микроскоп.

Поддржете ја нашата работа: