Дали јадењето едно јајце наутро е здраво за децата?

Кога на некое дете ќе му приложиме јајце за доручек, едноставно е пресреќно, а некое не. Без оглед на тоа како јајцата се припремени, родителите се прашуваат колку треба да се застапени во детската здрава исхрана.

Германскиот нутриционист Надиа Роеве, препорачува децата на возраст помеѓу 1 и 3 години, неделно да конзумираат едно до две јајца, а нешто постарите, околу 4 и 6 годишна возраст неделно до 2 јајца.

Наведената количина се однесува и на јајца во преработена исхрана, како што се колачи и печива. Допуштени се и мали отстапки додека не се претера на неделно препорачаниот внес.

“Ако децата за време на велигденските празници јаделе повеќе јајца, родителите не треба да се грижат, бидејќи тоа нема веднаш да влијае на нивната здравствена состојба”, вели нутриционистот.

Кога станува збор за многу мали деца и бебиња, се поставува прашањето кога да се вклучат јајцата во нивната исхрана. Ставовите и мислењата на експертите се различни, но повеќето од нив се согласуваат дека може да се воведе дури во шеттиот месец од животот, односно истовремено кога се преминува на кашички на база на месо и останата алтернативна исхрана, а притоа треба да потсетиме дека мајчиното млеко е примарна храна.

Многу педијатри препорачуваат, од шесттиот месец до 1 година, жолчката да се помеша со друга храна во кашичка. Поради опасност од салмонела, жолчката мора да биде зготвена.

Треба да се истакне дека секое јајце содржи неколку клучни елементи за клеточната мембрана, мозочното и нервното ткиво, а тоа се холин, фолна киселина и витамин Б12.

Многу родители избегнуваат да ги вклучат јајцата во детската исхрана поради холестеролот. Истражувањата од 2010 година, покажаа дека холестеролот во јајцата е застапен помалку, одошто се верувало порано, и има 30 отсто повеќе витамин Д, отколку што мислеа научниците порано.

Во принцип, возрасните здрави луѓе можат да конзумираат едно јајце на ден, а кај малите деца не треба да се претерува, но не треба ни да се плашиме поради холестерол туку од холестеролот кој оксидира во телото, бидејчи има тенденција да се таложи во крвните садови.

 

Поддржете ја нашата работа: