Дали канабисот навистина може да излекува рак?

СПОДЕЛИ

Илјадници години наназад, луѓето користеле канабис за рекреативни, ритуални и медицински цели. Ова последното, во наше време ги воодушевува многу луѓе, но цврсти докази за наводните ефекти од самото растение сеуште не постојат. Од сите теории и тврдења, можеби најинтересна е дека канабисот може да излекува рак.

Неверојатните искази за канабисот и неговите деривати кои го намалуваат туморот лесно можат да се пронајдат на интернет, но сепак, колку и да се овие приказни привлечни, сите воглавно се засновани на недоразбирања, пожелно размислување, или на целосна невистина.

Да започнеме со прашањето каков е ефектот од ова растение во медицината. Спротивно од она што многу луѓе веруваат, употребата на канабис во медицински цели е широко проучувана.

Националната академија на науките во 2017 година, прегледувала повеќе од 10 000 студии. Пронашле докази за примена на канабис во некои цели, како што се хронична болка и ублажување на грчеви поврзани со мултиплекс склероза. Исто така постојат докази дека тетрахидроканабинолот (ТХЦ), главна психоактивна супстанца на канабисот, може да ја намали мачнината предизвикана од хемотерапија. Така, синтетичка форма на ТХЦ – дронабинол, се препишува за вакви цели веќе со децении.

Меѓутоа, не постојат докази дека канабисот има било какво друго корисно влијание на туморот, и покрај генијалните тврдења.

Зошто тогаш постои таков јазол помеѓу перцепцијата на јавноста и научните докази? – Дел од ова е недоразбирање. На пример, тврдењата дека висока доза на ТХЦ ги убива клетките на ракот се често објавувани, што е точно, но не и премногу значајно бидејќи ефикасното средство против рак мора да биде во состојба селективно да ги убива клетките на рак во човечкото тело, додека ги сочувува здравите клетки. Канабисот едноставно, тоа не може да го направи.

Втора работа е тоа што терминот “природен” е нејасен. Ако дефинираме дека е природно се она што се случува без човечка интервенција, аргументот и натаму нема основа. Арсенот, плутониумот и цијанидот се исто така природни, а сепак да се изберат е лоша стратегија.

Активните соединенија на многу лекови се откриени во растенија, преработени се и донесени до највисок степен на ефикасност. Веќе имаме лекови изведени од ТХЦ, но истите не го лекуваат ракот.

Дискусија

Коментари