После 100-годишна потрага по гравитациони бранови, физичарите можеби конечно ќе го потврдат нивното постоење.
Физичарите од „LIGO“ – една од опсерваториите кои ги истражуваат и бараат гравитационите бранови, закажaa прес-конференција за денеска (11 февруари) во 16.30 часот попладне. Ако им веруваме на гласините, тогаш очекуваме физичарите да ги откријат првите јасни докази за постоењето на гравитациони бранови.
Ова е од особено значење бидејќи со тие докази ќе се потврди општата теорија на релативност на Ајнштајн, а со откривањето на гравитационите бранови ќе се прошири нашето знаење за универзумот и неговото формирање.
Официјалната прес-конференција е достапна само за регистрираните медиуми, но може да се следи во живо на линкот од „YouTube“ кој ќе го најдете подолу.
Во очекување сме на подетални информации.
https://www.youtube.com/watch?v=zyo4DFr4D4I