Дали мокриме доволно?

Дали спаѓате во оние луѓе кои можат да издржат со часови без да одат до тоалетот, без разлика на тоа колку течност сте испиле, или пак од оние кои одат два пати почесто од останатите? Без разлика на тоа, сте се запрашале ли некогаш што е нормално и колку често треба да мокриме?

Д-р Нил Графстајн, акушер-гинеколог и асистент професор по уринологија во болницата Маунт Синаи во Њујорк, ни одговара неколку прашања поврзани со оваа физиолошка потреба.

Колку често треба да уринираме?

Повеќето луѓе уринираат од 4 до 7 пати во денот, но навистина не постои точно утврдена бројка, објаснува докторот. На уринирањето покрај количеството на течности, влијае и видот на течности кои се конзумираат. На пример, кофеинот и алкохолот се иританти на мочниот меур, па може да предизвикаат почесто уринирање. Чувствителноста на мочниот меур исто така игра улога. Некои луѓе уринираат веднаш откако ќе почувствуваат и најмала потреба за тоа, додека другите не чувствуваат потреба за уринирање се додека не се наполни целиот меур.

lml3c9z_4880Дали е возможно да се тренира мочниот меур?

Да, вели д-р Графстајн, но се додека немате проблем да се воздржувате. Може да го тренирате мочниот меур така што ќе го одложувате мокрењето се додека нагонот не стане силен. Не мора веднаш да одговорите на најмалата сензитивност. Одредени професионалци кои не можат често да одат во тоалетот, како на пример хирурзите или професорите, постојано природно го прават ова.

Но, не ли е воздржувањето штетно за нас?

Само ако нагонот предизвика болка. Ако навистина мора да уринирате, уринирајте! Ако премногу долго се воздржувате, мочниот меур може да се подуе што го зголемува ризикот за инфекции.

shutterstock_234591922-500x375cШто ако уринирањето навечер ни го нарушува сонот?

Доколку редовно се случува да уринирате во доцните часови, обидете се да внимавате колку и какви течности конзумирате, и во кое време се разбира. Доколку конзумирате повеќе течности навечер, обидете се да ги промените вашите навики и да конзумирате повеќе течности во текот на денот. Исто така, не кознумирајте алкохол пред спиење. И секако, постои можноста вашиот сон да се наршува од други причини, како на пример анксиозност или ноќна апнеја.

Може ли бојата на урината навистина да покаже дали сме добро хидрирани?

На бојата на урината може да влијаат многу фактори, како на пример храната која сме ја изеле или течностите што сме ги испиле. Но, генерално, да, бојата на урината е корисна за утврдување на вашиот статус на хидратација, вели докторот. Доколку вашата урина има светло жолта боја, тогаш се е во ред.

39814288.cms

Поддржете ја нашата работа: