Дали наскоро ќе гледаме 3Д филмови без 3Д очила?

Лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција во соработка со Институтот за наука во Израел создале прототип екран кој им овозможува на гледачите да уживаат во 3Д филм во кино, но без 3Д очила.

Оваа технологија користи посебна колекција на леќи и огледала кои им овозможуваат на гледачите да уживаат во 3Д од кое било седиште во киното.

3DMovieBody

Додека гледањето на 3Д филмови без 3Д очила постои од претходно, сегашните методи се потпираат на екрани кои бараат огромна резолуција, поради што е непрактично истото да се создаде и за огромен екран како во кината. Тоа значи дека ова е првиот технолошки пристап кој овозможува гледање 3Д без очила во огромни размери, односно на огромни екрани во кината.

Оваа технологија во моментов не е достапна на пазарот, но нејзиниот понатамошен развој и идни верзии ќе им овозможат на кината да понудат незаборавно филмско доживување без 3Д очила.

Извор: „Futurism“.

Поддржете ја нашата работа: