Еден палеонтолог од Канадскиот природонаучен музеј се спротивставува на претходните истражувања кои велат дека некои диносауруси можат да се идентификуваат како машки и женски врз основа на обликот и големината на нивните коски.
Д-р Џордан Малон, специјалист за диносауруси во Природонаучниот музеј, тврди дека фосилните докази за овие разлики не се доволно убедливи и како резултат на тоа е веќе време да се изменат учебниците.
Неговиот извештај, објавен во списанието Paleobiology, се фокусира на биолошкиот принцип на половиот диморфизам, каде мажјаците и женките од некои видови можат да се разликуваат на основа на други физички карактеристики освен половите органи.
“Не велам дека диносаурусите не биле диморфни, но велам дека нема постоечки фосилни записи што тие би сугерирале дека биле“, вели Малон.
Малон до своите проценки дошол откако повторно ги читал студиите кои на диносаурусите им препишуваат полов диморфизам. Проблемот не е во тоа што некои од тие студии не само што не се потпираат на малото количество на примероци, туку и што е поважно не ги анализираат правилно статистичките податоци, што доведува до неточни заклучоци – објаснува тој.
Малон разгледал податоци од девет видови на диносауруси од стегосауруси до месојадни диносауруси. Помеѓу разгледаните студии нашол студија од 1976та година која препишува полов диморфизам кај околу 20 диносауруси од видот Protoceratops andrewsi. Анализата на авторот ја опишува разликата од мажјаците до женките во пошироките набори и големината на носот.
Додека студијата користела големи примероци, повторното тестирање на податоците на Малон покажало дека нема доволно докази кои ги раздвојуваат видовите во две различни групи врз основа на обликот на коските.
Малон истакнува дека постојат начини на кои може да се разлкуваат машките диносауруси од женски, но до ден денес таквите видови на податоци се ретки и не содржат многу информации за тоа дали диносаурусите полово се разликуваат по својата надворешна анатомија.
Малон вели дека нема да биде изненаден доколку диморфизам постоел кај некои диносауруси, бидејќи феномен може да се забележи и во животни како птици и крокодили, кои се најблиски живи сродници на диносаурусот. Машките крокодили на пример, се поголеми од женските, а паунот мажјак има поголема и шарена опашка.
Предизвикот на палеонтологијата е пронаоѓање на фосили од даден вид во голем број и на слична возраст за да се овозможи соодветна статистичка анализа. “Сметам дека ваквото истражување сеуште не е доволно целосно истражено, а за таа цел, со оваа студија предлагам, доколку сакаме да одговориме на прашањето за половиот диморфизам кај диносауруси, тогаш ќе биде многу тешко целосно да се истражи одејќи по традиционалниот пат” -објаснува тој.