На Антарктикот откриен 200 милиони години стар отпечаток од стапало на диносаурус

Научниците откриле фосилизирано стапало од диносаурус, стар околу 200 милиони години, за време на експедиција на Антарктикот. Откриеното стапало е со големина на рака, а го оставило животно од видот Arhosaura, изјави германскиот Сојузен институт за геологија и природни ресурси (BGR) во Хановер.

За кој вид на диносаурус станува збор, засега не е јасно.

Archosaurs се главно фосилни групи на организми (под-класа) кој ги вклучува во редовите на Thecodontia и подредовите на Pseudosuchia (пониски влечуги), како и диносаурусите, Pterosaurs (летечки влекачи) и денешните крокодили.

Научниците го откриле отпечатокот во јануари 2016 година во подрачјето на северниот дел на Викторија, но нивните наоди неодамна беа објавени во професионалното списание Polar Research. Коски од диносаурус веќе биле откриени во јужниот дел на земјата, изјавил водачот на експедицијата BGR Андреас Лауфер, но во северниот дел досега ништо не е откриено.

Освен тоа, научниците откриле фосилизирани остатоци на шуми околу 1.700 километри од Јужниот Пол.

“Тоа покажува дека Антартикот пред околу 200 милиони години не бил леден континент како што е денес”, вели Лаеуфер.

Поддржете ја нашата работа: