Дали цената на графичките карти ви се чини превисока? – Бидете спремни за во иднина!

Денес, не е лесно да се биде гејмер, особено доколку оваа година планиравте да му направите надградба на вашето “милениче”.Цените на хардверот би можеле непријатно да ве изненадат, а добри вести на повидок нема.

Накратко, цените на графичките карти би можеле да престанат да растат дури во третиот квартал од оваа година, а било какво намалување може да очекувате кон крајот на годинава. За жал оваа информација доаѓа од каналите на Nvidia, и затоа ја пренесуваме со прилично голема веројатност.

Целата приказна доаѓа од менаџерот за продажба на популарната страница Massdrop кој ја пренесе веста на интернет. Тој ја потврдува веста која во моментов ги полни страниците на многу портали, а тоа е дека нема недостаток на графички чипови за графички карти, туку проблемот е во меморијата која им треба на графичките карти за функционирање.

Имено, според соопштенијата, меморијата од производителите завршува во мобилните телефони на големите компании како Самсунг и Ејпл кои имаат можност да платат екстра цена за да добијат поголема количина на мемориски чипови, додека помалите производители како MSI и Asus се борат за остатоци.

Бидејќи меморијата не е иста, поголемиот дел од производителите се вртат кон производство на ексклузивна меморија за мобилни телефони поради поголема заработувачка. Ако на сето ова го додадеме и фактот дека според последните информации копачите на криптовалути во 2017 година “изедоа” три милиони графички карти, за гејмерите нема добри вести.

NVidia и AMD информираат дека до крајот на оваа година ќе се сретнеме со цени кои се многу поголеми од моменталните.

Поддржете ја нашата работа: