Данска постави рекорд од 140% енергија од ветерници

80% од вишокот го подели со Германија и Норвешка, а Шведска доби 20% од пленот, покажувајќи  дека фосилните горива се непотребни, доколку владите се посветат на обновливите извори на енергија.

„Тоа покажува дека целосното напојување на светот од обновливи извори на енергија не е фантазија”,  вели Оливер Џој од Европската Асоцијација за енергија од  ветер во соопштението. Енергијата на ветерот и обновливите извори на енергија може да бидат решение за декарбонизацијата. И ,исто така, го обезбедува снабдувањето во време на голема побарувачка.

Данска одамна е поборник за придобивките на силата на ветерот, а само минатата година успеа да создаде рекордни 39,1% од националните за електрична енергија од ветер. Минатата недела, достигна уште поголем успех:  високо ниво од 140% од националните потреби за електрична енергија, потпомогнати од неочекувано лошите временски услови.

Во моментов Данска произведува просечно една третина од потребната енергија од ветерниците. Се очекува до 2020 година, бројката да порасне на 50%. Овие бројки се заверени од “energinet.dk“, веб-страница што го следи односот на обновливите извори на енергија наспроти фосилните горива кои одат на националната мрежа.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt