Доаѓа нова Wi-Fi –технологија која бара 10 пати помалку енергија

Батеријата на вашиот паметен телефон ќе ви биде многу благодарна со новото откритие што доаѓа од Универзитетот во Вашингтон.

„Wi-Fi“ или безжичната мрежа е одлична работа, без која е речиси невозможно да се замисли денешниот живот. Сепак и покрај оваа благодет и понатаму е евидентно дека  времето поминато во сурфање на интернет го намалува животниот век на батеријата од вашиот паметен телефон.

Ако за изумот на „Wi-Fi“ треба да им заблагодариме на холандските научници, за новата технологија, која се нарекува „пасивен Wi-Fi“, благодарност заслужуваат научниците од Универзитетот во Вашингтон. Овој пасивен „Wi-Fi“ се базира на феноменот на повратен сигнал. И додека на поголемиот дел на „Wi-Fi“ конекциите им се потребни два радио сигнали, на новата технологија би и бил потребен само еден сигнал. Тој би генерирал еднофрекфентен сигнал.

Научниците од Вашингтон засега постигнале брзина од само 11 мегабити во секунда со новата конекција, но работат на нејзино подобрување. Што е уште поважно, тестирањата покажале дека пасивниот „Wi-Fi“ работи неприметно интегриран со постоечките модеми и паметни телефони. Покрај тоа, овој  пасивен „Wi-Fi“ троши само 15 до 60 микровати енергија, што е 10 илјади пати помалку од вообичаеното. Во тестирањата е потврдена комуникација со паметните телефони на 30 метри оддалеченост.

Сето ова е возможно затоа што пасивните уреди што се наоѓаат во близина рефлектираат сигнали и така истовремено ја синтетизираат безжичната трансмисија. Кога оваа технологија ќе заживее ќе може да им користи не само на мобилните телефони, туку и на сите уреди кои користат интернет.

Следат натамошни усовршувања и независни тестирања, кои се надеваме дека ќе ги потврдат резултатите до кои дошле научниците. Иако е сѐ уште рано, ова откритие изгледа толку ветувачки, што веќе е вклучено во 10-те најголеми технолошки достигнувања во 2016 година.

Извор: „Znanost“.

Поддржете ја нашата работа: