Добрата страна на озборувањето

Не се сите озборувања лоши. Всушност, тие можат да бидат корисни за одржување на општествените норми.

Можеби звучи како како обид за рационализирање на желбата понекогаш да споделиме неколку сочни информации, но неодамнешно истражување ја истакнува добрата страна на озборувањата.

Прво, дефиницијата за озборувањето е прилично неутрална. Според Робин Данбар, антрополог и еволутивен психолог на Универзитетот во Оксфорд, кој има напишано бројни трудови на темата, зборот озборувања првично значел разговор со особено блиски луѓе (godsibs).

Во повеќе современи услови, Тимоти Халет, вонреден професор по социологија на Универзитетот во Индијана, го дефинира како „несанкциониран евалуациски разговор за луѓе кои не се присутни”.

Со појавата на јазикот и зголемувањето на групите, се јавува и потребата за создавање врски меѓу членовите. Тука некаде, блеснува озборувањето како моќна комуникациска алатка.

Women whispering --- Image by © Image Source/Corbis

Неодамнешната студија од Универзитетот во Калифорнија, Беркли внимателно ги анализира социјалните и психолошките придобивки.

Студијата, „Доблестите на озборувањето“, покажа дека озборувањето може да игра улога во заштитата на другите со пренесување на информации поврзани со нечие лошо однесување, односно служи како предупредување.

„Ако им кажете на луѓето дека некој е себичен кретен, тие ќе бидат повнимателни во односот, барем додека самите не формираат впечатоци”, изјави Метју Феинберг, ко-автор на студијата.

Ние понекогаш треба да учиме од искуствата на другите луѓе.

Се разбира, тука е претпоставката дека луѓето секогаш ја кажуваат вистината, а не лаги или интимности кои предизвикуваат болка. Но, професорот Вилер рече дека иако постојат такви негативни озборувања, корисно е да се погледне во тоа како и други видови на озборувања може да играат значајна улога во општеството.

Во неколку различни експерименти се потврдило дека луѓето се однесуваат подобро и се подарежливи, односно помалку себични кога знаат дека може да бидат мета на озборување.

Секако, како впрочем и за се’ друго, постојат научници кои не се согласуваат со тврдењето дека озборувањето е позитивно. Озборувањето вклучува манипулација и сарказам. Замислете дека вашата колешка ги презела заслугите за вашиот труд. Вие ќе се повлечете и ќе се пожалите на останатите. Супер, сега имате група која ве подржува, но се’ уште сте вознемирен/а. Искрената конфронтација е единственото решение во такви ситуации.

Забраната за озборување е во најмала рака невозможна. Поентата е, ако знаете како функционираат озборувањата, ќе можрте да ги управувате и контролирате.

GOSSIPING_640Како заклучок од сите овие аспекти на озборувањето, можеме да кажеме дека и покрај придобивките, сепак треба да бидеме внимателни. Во секој случај, озборувањето како феномен помина трнлив пат низ еволуцијата и го заслужува нашето внимание.

Поддржете ја нашата работа: