Структурата на лицето на фудбалерите е значаен показател за нивната изведба на теренот, вклучувајќи ја и веројатноста за постигнување голови, асистенции и прекршоци- се вели во едно истражување, предводено од универзитетот Болдер, Колорадо.
Истражувачите го проучувале односот ширина-должина на лицето (FHWR) кај околу 1000 фудбалери од 32 земји кои учествувале на Светското првенство 2010.
Резултатите, објавени во „Adaptive Human Behavior and Physiology“ покажаа дека играчите од средината , кои преземаат офанзива, дефанзива и напаѓачите со повисок „FWHR“ имаат поголеми шанси да извршат прекршоци. Напаѓачите со повисок „FWHR“, исто така, се со поголема веројатност да постигнуваат голови или асистенции.
„FWHR“ е растојанието помеѓу јaболчниците поделено со растојанието помеѓу средината на челото и горната усна. Претходните студии покажаа дека висок „FWHR“ е поврзан со поагресивно однесување, со позитивни и негативни резултати. На пример, висок „FWHR“ е во корелација со поголема асоцијалност и неетичко однесување, но тоа, исто така, е во корелација со поголем успех меѓу извршни директори и успешни кампањи меѓу американските претседатели.
Сепак, некои претходни истражувања не успеаа да пронајдат корелација помеѓу „FWHR“ и агресивното однесување во одредени популации. Ова истражување оди во прилог на аргументот дека „FWHR“ е во корелација со агресија. Велкер и соработниците го избраа Светското првенство 2010, поради квалитетот и квантитетот на достапните податоци.
Постојат голем број на податоци за перформансите на играчите на Светското првенство, кое квантифицира голови, прекршоци и асистенции, обезбедува мултинационален начин за одговор на тоа дали структурата на лицето е показател за агресивно однесување и перформанси.
Научниците имаат неколку идеи за тоа како „FWHR“ е поврзано со агресија. Една од варијантите е изложеноста на тестостерон порано во животот. Тестостеронот за време на пубертетот може да влијае на различни физички карактеристики, вклучувајќи ги и густината на коските, мускулниот раст и кранијалната форма.
Со цел и ние да ја тестираме оваа теорија сакавме да направиме споредба помеѓу двајца добропознати напаѓачи од Премиер лигата, Вејн Руни и Петер Крауч кај кои како што може да се забележи од сликите имаат различен „FWHR“, но да видиме што кажува статистиката.
Вејн Руни – Има постигнато 176 голови на 382 утакмици или околу 1 гол на секоја 2-ра утакмица, додека просекот на жолти картони му е 1 картон на секоја 5-та утакмица
Петер Крауч – Има постигнато 90 голови на 369 утакмици или 1 гол на секоја 4-та утакмица, додека просекот на жолти картони му е 1 картон на секоја 14-та утакмица
Овие податоци сигурно дека ќе варираат од играч до играч но кога би типувале на жолти картони сигурно би ја земале оваа статистика и истражување во предвид, посебно за младите играчи за кои и самите кладилници немаат доволно голема низа на статистички податоци за да можат да ги намалат коефициентите за одреден играч.
Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk. Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас. Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни! |