Преку 20 милиони долари е наградниот фонд за овогодишните учесници на турнирот во можеби најпопуларната игра во светот „Dota 2“.
Оваа година и Македонските играчи и фанови се горди што имаа свој претставник на завршниот интернационален турнир што се одржува од 8 до 13 Август во Сиетел.
Мартин Саздов „Saksa“ е дел од 5 члениот тим на „Digital Chaos“ кој својата одлична форма ја покажа со влезот во најдобрите 8 тима на турнирот и освојување на сигурни 900.000 $
Утре со почеток во 10 часот наутро започнува битката со екипата на „TNC Pro Team – Dota2“ за влез во топ 6 и освојување на сигурни 1.400.000 $ и истата можете да ја следите во живо на следниов линк.
Исто така на следново видео можете да ја погледнете нивната игра на претходниот натпревар.
Па, со среќа дечки.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























