Голем успех за Македонскиот е-спорт е остварувањето на нашиот Мартин Саздов „Saksa“ кој заедно со својот тим „Digital Chaos “ составен од интернационалци настапуваше под Американското знаме на интернационалниот турнир во Dota2 Што се одржуваше од 8 до 13 Август во Сиетел.
Иако тимот на „Saksa“ поведе со 1:0 во финалето на турнирот против Кинеската екипа „The Wings Gaming“ неколку лоши пикови и потези во наредните партии ги одалечија од шампионската титула и доведоа за целосен пресврт и пораз од 3:1
Шампионите на овој турнир освоија неверојатни 9 милиони долари додека вицешампионскиот тим на „Saksa“ 3.4 милиони.
Во моментов неколку илјади луѓе ја гледаат репризата на финалето на youtube и четот едноставно гори
https://www.youtube.com/watch?v=xCCBNn4PZ3M