Дрон за во џеб

Истражувачите од Швајцарскиот сојузен инситут за технологија создадоа мал дрон кој може да се превитка, односно уредно да се склопи и совршено да одговара на големината на вашата дланка, што го прави лесен за транспорт.

Истражувачите го дизајнирале со помош на техниката на оригами, што во моментов е тренд во роботиката.

Перките се изработени со 0,3 милиметарски слој на стаклени влакна и полиестер (фиберглас) и на секоја перка има по две преклопи што и овозможува лесно склопување, како и еден хоризонтален преклоп за да се обезбеди стабилност за време на летот.

Кога дронот е склопен, перките формираат трапезоид околу централното јадро. Кога треба да полета, забрзувањето на пропелерите ги исправа перките во традиционалната поставеност. Единствената мана е тоа што откако ќе ја заврши својата мисија, треба рачно да го склопите. Истражувачите во моментов работат на автоматски механизам за склопување.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt