Една година од мисијата Џуно

Леталото Џуно на НАСА, вчера ja „прослави“ првата годишнина откако орбитира околу Јупитер.

На 4-јули 2016 година, Џуно пристигна во орбитата на Јупитер, после речиси пет годишно патување низ вселената. Оттогаш сондата собира податоци од гасниот џин што ќе им помогнат на научниците подобро да ја разберат еволуцијата и формирањето на Јупитер.

Орбитата на Џуно трае 53,5 земјини денови и е екстремно елиптична, при што најблискиот прелет на леталото е на 3.400 километри од Јупитер, а најоддалечениот на 8 милиони километри.

Најголемиот број на податоци Џуно собира за време на блиските прелети. Досега има направено пет, но наскоро ќе го направи шестиот, што се очекува да биде особено возбудлив. Имено, на 10-јули Џуно ќе прелета директно над Големата црвена дамка и ќе ја направи првата фотографија одблиску на најпозната карактеристика на Јупитер.

„Дамката“ всушност претставува огромна бура, која се одвива на простор со широчина од 16.000 километри, која научниците од далеку ја набљудуваат речиси 200 години.

„Оваа монументална бура беснее на најголемата планета во Сончевиот систем со векови. Сега Џуно со своите инструменти ќе ни покаже до каде досегаат корените на бурата и ќе ни помогне да дознаеме како функционира и што ја прави толку  посебна оваа џиновска бура“ –  вели Скот Болтон лидерот на мисијата од Саутвест истражувачкиот институт во Сан Антонио, во соопштението објавено од НАСА.

Леталото Џуно носи осум различни научни инструменти што ги користи за проучување на структурата, составот и магнетното и гравитационо поле на Јупитер (повеќе за резултаите  од мисијата  Џуно на енаука.мк).

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,951.75 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.