Eкосистеми – потребни се децении да се уништат, а милениуми да се обноват

Новата анализа вели дека на морските екосистеми ќе им требаат илјадници години да се опорават од климатските пресврти. Авторите на трудот анализирале илјадници безрбетни фосили со цел да покажат дека опоравувањето од деоксигенацијата на морската вода би траела милинеуми. Наодите, први од ваков вид, се објавени на 30-ти март списанието „PNAS“.

Анализирани се повеќе од 5.400 безрбетни фосили, од морски ежови до школки, во рамките на талогот на јадрото во Санта Барбара, Калифорнија.

Всушност, се користи минатото за да се предвиди иднината” – велат авторите.

Доказите за промените во морскиот биодиверзитет во историските периоди на затоплување и ладење, ниго  кажуваат она што може да се случи во годините што доаѓаат. Од клучно значење е свесноста за глобалната потреба од борба против современите климатски влијанија- нагло затоплување на климата, топење на поларните ледени капи, како и намалување на нивото на кислородните зони во океанот. Екосистемите уште долго, долго време ќе ги чувствуваат штетните ефекти.

„Комплекс“ безрбетници

Претходните реконструкции на морските седименти во голема мера се потпираат на едноставни, едноклеточни организми наречени „Foraminifera“. Новата анализа е фокусирана на повеќеклеточни форми на безрбетници, за добивање на покомплетна слика за издржливоста на екосистемите. Нивната комплексност и разновидност зависи од тоа колку енергија имаат на располагање. Во периоди на пониски нивоа на кислород, некои видови се речиси непостоечки.

Во последните 100 години, морските нивоа на кислород се намалени меѓу 0,5 и 1,5 ml /L . Овие релативно мали флуктуации на кислород може да доведат до драматични промени за морските заедници.

Бидејќи планетата се загрева, научниците очекуваат да видат многу поголеми области со ниски нивоа на кислород.

Крајниот апел е дека луѓето треба да размислат за планетата која им ја оставаме на идните генерации.

Поддржете ја нашата работа: