Групацијата Ербас, деновиве најави дека планира да го тестира својот прототип на самостојно воздушно такси за еден патник до крајот на 2017 година, пишува Ројтерс. Авијацискиот гигант го гледа воздушното такси како нареден логичен чекор во урбаниот транспорт, и се надева дека во крајна линија ќе се развие мрежа на овие возила, кои ќе можат да бидат повикани преку апликација, по примерот на веќе постоечкиот сервис Убер.

Финалниот производ за, т.н. возила со вертикално полетување и приземјување (vertical take-off and landing (VTOL)), би користел неколку нагибни ротори за да се постигне можност за полетување и слетување како хеликоптер, а летањето во правец да биде како со класичен авион со пропелерски перки. Иако деталите не се познати, веројатно е дека првиот прототип на ова возило ќе користи четири ротори и повеќе ќе наликува на дрон квадрикоптер, отколку на авионско летало.

airbus-21082016-1137“Пред еден век, урбаниот превоз отиде под земја, сега имаме технолошко ниво кое ни овозможува превоз над земјата,” вели извршниот директор на Ербас, Том Ендерс на конференцијата за дигитална технологија во Минхен. Со тоа што еден патнички демонстратор ќе лета до крајот на годинава, Ербас се надева дека ќе има производство на авиони за кратки летови, кои ќе се развијат до 2021 година.

Како најголем производител на комерцијални хеликоптери во светот, Ербас изгледа квалификуван да го предводи патот во развивање на самостојно летечко такси за “градовите на иднината”. Сепак, реализацијата на произвотството на “летечки автомобил “, до почетокот на 2020 година е возвишена цел, особено имајќи во предвид дека Ербас има намера овие возила да ги прави 100% електрични.

Доколку до крајот на оваа година видите прототип кој лета, подгответе се со инсталирање на апликацијата за повикување на едно вакво такси.

Поддржете ја нашата работа: