Во Кина, она што за Американците е човек на месечината, за нив е зајаче. Збунети? Така им се чини на нашите очи, според истражувањето објавено во списанието „PLOS ONE“. Истражувањето дава увид за тоа зошто луѓето гледаат толку различни слики на дамките од мастило на Роршарх.
Уште од формирањето, Роршарховите дамки од мастило – именувани по Херман Роршах, швајцарски психоаналитичар кој ги измислил, се познати по тоа што предизвикуваат забуна во визуелниот кортекс. Ние настојуваме да го видиме она што сакаме да го видиме во нив. И покрај тоа што нивната употреба во психологијата е разоткриена (без разлика дали гледате пеперутка или кловн кој танцува на сликата погоре, тоа не е показател за вашата ментална состојба), зошто гледаме различни работи сè уште останува мистерија.
На идеја за ново истражување во врска со овие дамки дојде физичарот Ричард Тејлор кој развива бионички очи со кои би можеле да се излекува слепилото кај луѓето со заболувања на ретината. „За да се направи тоа, мора да сфатиме што прави нормалниот вид“, вели Тејлор.
За да разбере зошто дамките од мастило го имаат овој енигматичен ефект, Тејлор и неговиот тим од Универзитетот во Орегон направиле многу вакви дамки и ги анализирале за да видат дали се тие фрактали. Фракталите се модели кои се повторуваат во различни размери.
Тејлор се сомнева дека блоковите можат да бидат фрактали поради начинот на кој Роршах првично ги создал – размачкувајќи го мастилото на врвот на еден лист хартија, виткајќи ја хартијата на половина и туркајќи ја надолу, така што маслото навлегло во влакната.
„Научниците кои ги проучуваат течностите знаат дека произведуваат фрактални модели“, вели Тејлор.
Откако потврди дека се фрактали, тој направил тест кој овозможил да измери колку е комплициран моделот на фрактал со тоа што 1 = не е многу комплициран фрактал и 2 = многу комплициран. Го направил ова бидејќи неговиот тим изобилувал со историски податоци кои датирале од самата употреба на Роршах тестовите како психолошки испит – тие можеле да направат споредба на комплексноста на фракталите на Роршах со неколку слики кои луѓето ги гледале во нив. Она што го пронашле било дека колку е поголема комплексноста на фракталите на сликата, толку помалку слики луѓето тврделе дека забележале.
Зошто е ова важно?
Затоа што фракталите се наоѓаат насекаде во природата: на дрвјата, крабрежјата, облаците – сите тие се фрактали.
Значи, кога Роршах размачкувал едноставна шема на фрактал, теоретски би можела да изгледа на различни работи кои ние ги гледаме во природниот свет. Како што сликата станува сè покомплексна, бројот на нешата на кој личи, се намалува. Но, збунувачки е фактот што нашиот мозок воопшто го прави ова.
„Голем дел од нашето истражување се фокусира на она што ние го нарекуваме флуентност на фракталот“, вели Тејлор. Со текот на времето, нашиот визуелен систем на очите и мозокот, се прилагодува на способноста да идентификува работи на сликата која е богата со фрактали.
„Со оглед на тоа што имаме интимна врска со фракталите на природата и може лесно да ги обработуваме, чудно е што овие фрактали го залажуват визуелниот систем. Ако гледате во фрактална шума, последното нешто што сакате да го видите е тигар“, вели Тејлор.
Електронските чипови на бионичките очи на Тејлор немаат толкава визуелна информација како нашите природни очи, така што дезинформациите се причина за загриженост.
„Навистина сум заинтересиран од тој аспект. Зошто нашето природно око е измамено од ова? Имаме многу визуелни информации, така што брзо можеме да го погледнеме облакот и да кажеме – а да, сфаќам дека кучето не е во облакот. Ако имате бионичко око, тоа се бори да види дали има воопшто облак“, вели Тејлор.
Што се однесува со човекот на месечината – зошто Американците гледаат човек, додека Кинезите гледаат зајак – постојат фрактали кои предизвикуваат слични одговори на дамките од мастило. Го гледаме она што нашите очи мислат дека е најблиску до тој модел, филтрирано низ призмата на искуството и културата.
Извор: http://www.fakulteti.mk