ЕУ го намалува прагот на канцерогени материи, дозволени во производството

Европската комисија предложи мерки за седум дополнителни канцерогени материи, со кои треба да се подобри здравствената заштита за 4 милиони работници во ЕУ. Поголемиот дел од ова се однесува на трихлоретиленот и машинското масло.

Пред пола година, усвоени се мерки за намалување на изложеноста на 13 канцерогени материи. Од Европската комисија ветуваат дека ќе истражат и некои други супстанци за кои постои сомнеж дека се канцерогени, со што би се подобрила положбата на работниците во ЕУ.

Седум канцерогени материи, за кои Европската комисија наведува нови ограничувања се користат во хемиската индустрија, правење хартија, бои, лекови, како и во производство на пластика и винил. Последиците од изложеност на овие материи, може да бидат рак на кожата, рак на белите дробови, генетски промени, плодност и фетална штета.

ЕК смета дека најголема корист од последното уредување за ограничување на канцерогените супстанци, ќе имаме кога се работи за машински масла и трихлоретилен, кој се користи за хемиско чистење, одмастување и екстракција, а најширока примена има во металната и текстилната индустрија.

Според некои проценки, оваа мерка треба да спаси 390 животи до 2069 година, и да се избегне штета од 430 милиони евра само во здравствениот систем. Што се однесува на машинските масла, новите мерки врзани за нивната употреба, според проценките ќе зачуваат 880 животи и да резултира со 90.000 помалку случаеви на рак. Во здравствениот систем би требало да се зачуваат до 1.6 милијарди евра.

Со оваа мерка се очекува да бидат задоволни и работодавачите, бидејќи на овој начин се спречуваат повреди на работно место и професионални деформации, што има голем бенефит посебно за малите и микро комапании.

Европската комисија има намера да ја зголеми достапноста за спроведување на проценки за ризик на претпријатијата со помош на интернет алатки. Некои статистики покажуваат дека дури една третина од малите бизниси во ЕУ не вршат процена на ризикот на работното место.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.