Ирскиот парламент забрани вложување во индустрии поврзaни со фосилни горива

Енергетската политика на поголемиот дел од светот, се повеќе се фокусира на обновливи извори на енергија, напуштајќи ги фосилните горива. Овој потег би требало позитивно да влијае на Земјиниот екосистем, намалувајќи ги последиците од климатските промени и влијанието на индустриското производство на електрична енергија врз околината.

Некои држави како што се Норвешка и Исланд веќе тргнаа кон потполно напуштање на необновливите извори, а се чини дека Ирска ќе биде прва која во потполност ќе ги елиминира на државно ниво.

Имено, локалниот парламент донесе одлука со кој на државниот фонд за стратешки инвестиции, кој располага со 8 милијарди долари, му се забранува во иднина да инвестира во било која индустрија поврзана со фосилните горива. Овој предлог треба да се трансформира во закон во наредните неколку месеци, откако беше предмет на расправа од страна на државниот совет за финансии.

По донесувањето на ваквиот закон, споменатиот фонд ќе има 5 години да ги продаде сите свои акции од компаниите поврзани со производство на енергија од фосилни горива, и да се насочи кон исклучиво производство на обновливи извори на енергија.

Поддржете ја нашата работа: