Зошто европскиот воздух е многу поотровен од Кинескиот ?

Во најголемата досега студија од ваков вид во развиените земји, истражувачите ги тестирале ефектите на воздушното загадување на здравјето на луѓето во 272 градови во Кина.

Откриле дека просечното годишно изложување на ситните честички како ПМ 2.5 во тие градови, било пет пати повисоко од нивото предложено од Светската здравствена организација, според истражувањето објавено во Американскиот весник за респираторна медицина и критична нега.

Сепак, откриле и дека е многу помалку веројатно да ја зголеми стапката на смртност од ПМ 2,5 честичките во Европа и Северна Америка.

Смогот во Европа и Северна Америка можеби е дури 27 пати посмртоносен од просечното воздушно загадување во кинеските градови

покажува новото истражување објавено од британските медиуми.

Истражувачите, предводени од д-р Маигенг Жоу од Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, смета дека причината за тоа е што Кина е под влијание на огромни количини природна прашина која ја носи ветерот од сувите области, а загадувањето на Западот доаѓа од индустријата.

Тие откриле дека за секое зголемување од 10 микрограми на загадувањето, се зголемува стапката на смртност на кубен метар за 0,22 проценти ( ова важи за Кина )

Британскиот научник Френк Кели, кој исто така ја анализирал студијата, вели дека стапката на смртност во Европа за секое зголемување од 10 микрограми е 6 проценти што е огромна разлика од Кинеските 0.22

Ова укажува на тоа дека загадувањето на воздухот во Европа е за 27 пати поотровен од просекот на загадувањето во Кина.

Проф. Кели наведува дека градовите како Пекинг и Хонг Конг, бидејќи имаат нечистотии како оние во западните земји би требало да имаат и слични убиствени карактеристики како во Европа но тоа не е случај со повеќето други градови каде главниот извор на честичките не е индустријата и согорување на дизел.

Инаку, и природната прашина може да предизвика физички оштетувања, како што е оштетувањето на белите дробови и астма но индустриските честици со примеси на отрови и тешки метали се далеку поопасни и посмртоносни.

ЕНаука.мк пред десетина дена откри чудни аномалии во загадувањето на Скопје па доколку ја немате погледнато статијата овде е линкот:

Кој го загадува воздухот во Скопје?

Во прилог и видео со градоначалникот на Лондон за загадувањето :

Поддржете ја нашата работа: