Тим од британски и чешки научници тестирале супер ласер наречен “Бивој”, кој е десет пати помоќен од било кој друг на светот.
Ласерот е развиен во соработка со британското централно одделение за ласери (CLF) и чешкиот државен проект “Плусирање на ласер со висока просечна сила” (HiLASE).
Ласерот е тежок 20 тони и чини 44 милиони евра, а ќе има широка примена во воздушната, енергетската и автомобилската индустрија.
Ласерот има просечна сила од 1000 вати, која ја достигнал на 16 декември минатата година.
“Ова е голем чекор напред, како победа на Олимписките игри”, вели Томас Мочек, директор на проектот.
Поддржете ја нашата работа: