Еве како изгледал првиот цвет

Иако повеќето растенија денеска имаат цветови, еволутивното потекло на самиот цвет претставува една од најголемите мистерии за науката.

Сите денешни цветови потекнуваат од еден заеднички предок кој цветал на Земјата пред околу 250 до 140 милиони години, кога планетата била значително потопла и побогата со кислород.

Заради нежната структура на цветовите, досега не е пронајден ниеден фосил од цвеќе кој датира од пред 140 милиони години или порано.

Сепак, научниците од Универзитетот во Париз-Суд успеале да откријат како би можело да изгледа првото цвеќе на Земјата. Во недостаток на фосили, тие ги анализирале и ги споредиле карактеристиките на повеќе од 800 денешни видови на цвеќе.

Според наодите, првиот цвет наликувал на денешната магнолија. Имал многубројни недиференцирани ливчиња, наредени во концентрични кругови. Во средината цветот имал неколку редови од репродуктивни органи, вклучувајќи толчници и прашници, што укажува на неговиот хермафродитски  карактер.

Image result for Flower

Научниците објаснуваат дека ова е многу корисна карактеристика, кога се работи за колонизација на нови простори, со оглед на тоа дека единката може сама да се оплоди и на тој начин успешно да се размножува.

Сепак, и покрај тоа што сега имаме добра претстава како може да изгледале првите цветови, многу малку се знае за тоа како воопшто настанале. Деталните чекори кои довеле до нивната еволуција се непознати.

Истражувањето е објавено во  списанието „ Nature Communications“.

Поддржете ја нашата работа: