Првото цвеќе во вселената

Благодарение на вселенската градина со микрогравитација, наречена „Veggie“, после првата зелена салата во вселената, сега астронаутите од Меѓународната вселенска станица го одгледаа и првото цвеќе во вселената.

CY3C5CMUAAEQaR4

Астронаутите ги засадиле цвеќињата кон крајот на минатата година, но по две недели се соочиле со проблеми поради големиот внатрешен притисок. Токму кога се чинело дека ќе умрат, Скот Кели, астронаутот на НАСА, експериментирал правејќи сопствени модификации за да ги одржи во живот. За среќа, успеал да спаси неколку и едно од нив процвета изминатиот викенд. Тој ги објави фотографиите на Твитер пишувајќи „Да, постојат и други форми на живот во вселената!“

CY3fukZUkAAqc0-

Поддржете ја нашата работа: