Мистериозно цветање на најсмрдливото цвеќе на светот

Ботаничарите во САД се обидуваат да дознаат зошто толку многу цвеќиња од видот Amorphophallus titanum“, или подобро познати како цвеќе-труп, наизменично цветаат низ целата земја во текот на оваа година. Ова е многу чудно, бидејќи помеѓу 1889 и 2008 година биле забележани само 157 расцветани цвеќиња од овој вид, додека само во оваа година во САД расцветаа најмалку 7 цвеќиња.

Ова цвеќе претставува едно од најголемите цветни структури на светот и понекогаш достигнува висина над 1,8 метри. Познато е по специфичната миризба слична на мртво тело кое се распаѓа, поради што е наречено и најсмрдливото цвеќе на светот, а воедно и оттаму потекнува и неговото име – цвеќе-труп.

image

Ботаничарите сугерираат дека неговата одвратна миризба привлекува муви или слични инсекти кои обично јадат скапани материи, за на тој начин да помогнат во опрашувањето на растението.

Со оглед на неговата големина и на таквиот моќен мирис, потребно е многу време и многу енергија за цвеќето да дојде до својот цут, поради што истиот претставува многу ретка глетка. Карактеристично е за пределите на западна Суматра и обично цвета еднаш на секои шест години.

Поради тоа што ова цвеќе ретко цвета, истражувањата на истото се се’ уште нови, поради што ова ненадејно цветање навистина претставува мистерија за научниците. Една од најпопуларните хипотези во моментов е дека цветањето се должи на тоа што многу оранжерии и ботанички градини во САД споделуваат семиња едни со други, што значи дека најверојатно овие цвеќиња кои расветале се меѓусебно поврзани. Но, ова е многу тешко да се докаже бидејќи повеќето градини не се сигурни од каде потекнуваат нивните семиња. Другата хипотеза е дека сега цветаат почесто од порано, бидејќи едноставно ги има во поголем број од порано.

article-2626225-1DC5E44900000578-593_634x399

Како и да е, доколку имате можност да посетите некоја ботаничка градина каде што има вакво цвеќе, и ако може да ја поднесете миризбата се разбира, дефинитивно треба да се обидете бидејќи никогаш не се знае кога повторно ќе имате можност да видите такво нешто.

Поддржете ја нашата работа: