Евтина лабораторија во најлон

Иако цената на микротитар плочките се движи од 1 до 5 долари парче, за некои лаборатории во светот со ограничени средства и ова би можело да биде висока цена.

Идејата да се употребат овие меурчиња како контејнери за складирање на течни примероци и за вршење на биохемиски анализи е развиена од Џорџ Вајтсајдс (анг. George Whitesides) од Институтот за биолошко инженерство Вис (анг.Wyss Institute for Biologically Inspired Engineering).

Пластичните ќеси со меурчиња се лесно достапни, ефтини, лесни и меурчињата можат да бидат со различна големина. Покрај тоа, внатрешноста на меурчињата е стерилна што овозможува складирање на примероци без употреба на скапа опрема за стерилизација.

Исто така, меурчињата се пропустливи за гасови и можат да служат за  култивирање и складирање на микроорганизми. Внатрешноста на меурчињата лесно се полни со шприц со игла, а потоа отворот се запечатува со обичен зацврстувач за нокти. Бидејќи се проѕирни тие можат да се користат и за дијагностички тестови што можат визуелно да се анализираат, како што се реакциите каде се менува бојата.

Со инкорпорирање на јаглеродни електроди, меурчињата можат да се користат и како електрохемиски ќелии.

Во овие меурчиња успешно се извршени мерења на гликоза и хемоглобин, култивирана е Ешерихија Коли како и други анализи.

Поддржете ја нашата работа: