Фестивал на технолошки иновации во Тел Авив

Научна фантастика или апсолутна реалност. Тоа е дилемата пред којашто се најдоа многумина туристи откако го посетија фестивалот на технолошки иновации што деновиве се одржа во израелскиот град Тел Авив.

Своите неверојатни достигнувања ги претставија инженери и експерти по електроника од целиот свет, кои на посетителите им дозволија самите да се уверат во реалноста која што за кратко време ќе биде дел со сечие секојдневие.

„Оваа камера, поврзана со компјутер, овозможува да се лоцираат само луѓето и потоа да се издвојат од позадината во која што реално се наоѓаат и да се постават во сосема поразличен амбиент. Ова ќе им биде од голема помош на телевизиите, затоа што ја елиминира потребата од зелената позадина во студијата, што се користи кога присутните треба да се прикажат во различно опкружување“, рече Димитриј Каневски, претставник на „Интел“.

Оваа машина пак, може да исткае ѕиден гоблен од која било фотографија што ќе ја ставите во компјутерот.

Своевидна атракција на фестивалот беше ова интерактивно дрво преку кое, само со допирот на вашата рака може да комуницирате со други земји од светот. Се разбира, ако и таму имаат поставено иста опрема.

За разлика од телефоните, тука за воспоставување на комуникацијата се користи светлината. Вакви „говорници“ веќе се во секојдневна употреба во некои делови на Шведска. Веројатно прашање на месеци е кога и останатите уреди од овој футуристички фестивал ќе бидат дел од нашето секојдневие.

Извор: Алсат М

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.