Формата на совршениот оган

Во студијата објавена во „Nature Scientific Reports“ на 8-ми јуни, Адриан Бежан, професор по механички инженеринг од Универзитетот Дјук, ни покажува дека, кога сите варијабили би биле еднакви, најдобриот оган е скоро исто висок колку што е и широк. Токму поради ова, уште од почетокот на времето, сите ги редат дрвата на ист начин.

Луѓето од сите ери се потпирале на овој дизајн. Причината за тоа е што овој облик е најефикасен за воздушен и топлински проток. Успехот од градењето на оваа форма, направило да биде возможно, луѓето да се селат и шират низ светот, затоа што греењето го олеснува движењето на човечките маси низ светот, што директно го предвидува Конструкцискиот закон.

Во 1996 г. Бежан го напишал Конструкцискиот закон кој претпоставува дека системите на движење или „проток“, како што се дрвата, реките или воздушните струи, еволуираат во конфигурации кои овозможуваат се полесен и полесен проток. Овој закон, сега веќе меѓународно признаен, се повеќе помага во пронаоѓањето на нови апликации за подобрување на дизајнот и зголемување на ефикасноста на системите направени од човекот.

„Нашите огнови се во форма на конус или пирамида, колку се високи толку се и широки. Тие изгледаат исто во сите големини, од огревното дрво во каминот, големите клади од трупци, па се до кога правиме јаглен за скара. А, сега знаеме и зашто.

Значи, следниот пат кога ќе одите на кампување и сакате да запалите совршен оган, сега знаете како правилно да ги наредите дрвцата.

Но, вие веќе го знаевте тоа, нели?

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt