Која е врската помеѓу левучарите, формата на лицето и туберколозата?

Еден научник открива карактеристики на луѓето со потесен долен дел на лицето.

Луѓето со потесен долен дел на лицето многу почесто се левичари, отколку мажите и жените со широка брада и долна вилица, вели научникот.

“Пред околу 2000 години хеленски лекар забележал дека тенките вилици се знак на предиспозиција кон туберкулоза а истражувањата покажуваат дека бил во право! Истражувањата кои се воделе уште пред дваесеттиот век потврдуваат дека тенките црти на лицето и помалата телесна тежина се ризик фактори кои денес лекарите ги земаат во предвид”, вели Филип Хиџол од Универзитетот во Сиетл.

Научникот открил дека постои уште една карактеристика кај лицата со тенки црти на лицето, анализирајќи податоци за здравствената состојба на Американците во последниот половина век, собрани од социјалните служби во САД.

Предмет на мониторингот им биле околу 13,6 илјади лица. Проучувајќи ги податоците, научникот наишол на невообичаени откритија. Се покажало дека тесната форма на долната вилица кај учесниците во ова истражување била поврзана со леучарството.

Според научникот, врските помеѓу левучарите и малите размери на вилицата имаат генетска природа. Во Велика Британија на пример според други податоци, живеат изненадувачки многу лица со тенки црти на лицето, и таму има рекордно многу левучари и болни од туберколоза.

Ако овие фактори се навистина поврзани, истражувањата направени на левучари можат да помогнат истовремено за три работи – да се разбере какви генетски фактори се поврзани со диспозицијата кон туберколоза, како влијаат на психолошките разлики меѓу левучарите и десничарите и конечно да се разјасни зошто тие влијаат на формата на лицето.

Поддржете ја нашата работа: