Каков облик има Млечниот Пат?

Едно големо неодамнешно откритие вели дека Млечниот Пат сепак не е рамен. Го извиткуваат ѕвездите. Повеќе е извиткан и навален, отколку што има облик на диск како рамна плоча.

Имено, научниците за прв пат точно ја мапирале нашата галаксија за да го видат нејзиниот облик. Иако разни други галаксии прилично детално се измерени, да се измери Млечниот Пат било предизвик поради неговата големина.

Експертите долго време верувале дека Млечниот Пат е релативно рамен и стабилен. Сепак, новото откритие покажало дека всушност истиот се свиткува и искривува кон своите рабови.

Целиот предизвик за мапирање е разјаснет од страна на астрономите. Имено, тие велат дека тоа е како да се обидувате да го одредите обликот на вашата држава додека стоите во дворот.

Во новата студија, анализирани се 1339 ѕвезди со цел да се открие вистинската форма на галаксијата. Било забележано дека ѕвездениот диск се завива нагоре додека се приближуваме кон рабовите и изгледа како буквата Ѕ.

“Спиралните галаксии обично се доживуваат како сосема рамни, како Андромеда што можеме да ја видиме преку телескопи”, вели професорот Ричард де Гријс, еден од авторите на студијата.

Новото истражување покажува дека за искривената форма на галаксијата е заслужна и моќната ротациона сила на масивниот внатрешен диск.

Астрономите и претходно забележувале галаксии со слична форма, со заоблени рабови, но до сега не сме знаеле дека и Млечниот Пат исто така им припаѓа на нив.

Студијата е објавена во списанието Nature Astronomy.

Поддржете ја нашата работа: