Чудна и непозната форма на живот ги контролира нашите океани

Дали некогаш сте се запрашале од каде доаѓа пената во океанот? Или зошто некои денови морето изгледа толку бистро, а некои е зелено, кафено па дури и розево?

И како рибите ги добиваат потребните состојки за да ги направат омега киселините кои се толку добри за нас? Одговорот на ова прашање е еден збор: планктон.

Планктоните се организими кои живеат во сите водни тела – од езерата и барите до океаните. Зборот планктон потекнува од грчкиот збор „πλαγκτός“ (planktos), што значи „се движи/ плови во вода“. Па така планктоните може да се движат во подлабоките води и на површината, но не може да пливаат против струјата. Па понекогаш имаме голем број на плактонски медузи, кои се фантастични пливачи, но беспомошни против плимата, остануваат заробени на нашите плажи.

Во големина, планктоните се движат од микроскопски, едноклеточни организми до повеќеклеточни животни како што се школките, медузите, ларвите од рак и малите риби.

Често мислиме дека морето е доминирано од рибите и китовите, Но, микроскопските едноклеточни планктони всушност се главните двигатели на животот во океаните на Земјата. Па, колку добро ги познаваме?

image-20161103-25319-l5odrr

Со децении, се сметало дека овие едноклеточни микроскопски планктони може да се поделат на два вида. Фитопланктони кои произведуваат храна (познати како микроалги) и се како мали морски растенија и Микрозоопланктони кои од друга страна ги јадат фитопланктоните, а за возврат нив ги јадат поголеми зоопланктони како што се школките.

Меѓутоа сега знаеме дека под брановите постои и друга микроскопска група на планктони – Миксотрофи (mixotrophs) кои имаат комбинирани карактеристики и на „растенија“ како фитопланктоните и „животини“ како микрозоопланктоните. А нивниот начин на исхрана е застрашувачки.

Тие се како мали трифиди, кои може да проголтаат жив плен, да им ја исцицаат внатрешноста, да ги отрујат, да ги прободат, да направат да експлодираат,и да им украдат и употребат повторно дел од телото.

Тие може да убијат еден цел екосистем за неколку часови и да ја сменат бојата на водата – сепак, тие ја обликуваат атмосферата на Земјата и го подржуваат развојот на ларвите на рибите во критичните фази од нивниот животен циклус.

Со децении, се сметало дека овие миксотрофи се чуда на природата кои напредуваат на сметка на фитопланктоните и микрозоопланктоните, но во текот на последните пет години, преку проектот финансиран од фондот „Leverhulme“ научниците потврдиле дека се далеку од чуда. Напротив, миксотрофијата е повеќе норма, отколку исклучок.

Ова има големи последици – значи дека основата на мрежата на исхрана во океаните не ја следи традиционалната шема на растенија и животни, туку е доминирана од активностите на едноклеточните миксотрофи кои фотосинтетизираат како растенија, а јадат како животни – се’ во рамките на една клетка.

Нов вид на живот?

download

Врз основа на овие откритија, научниците предложиле нов модел на живот во океаните, тврдејќи дека традиционалната поделба на фитопланктони (микроалги) кои налкикуваат на растенија и микрозоопланктони кои наликуваат на животни, едноставно повеќе не е возможна.

Овие откритија би можеле да го  сменат нашето сегашно разбирање на морската биологија.

Исто како трифидите во научно-фантастичниот роман на Џон Виндам, овие миксотрофи можат да бидат опасни и тоа не само за другите микропланктони. Ослободувањето на нитрати и органски хранливи материи, како и отпадна вода, во крајбрежните води, придонесува за нерамнотежа на хранливите материи во водата што пак предизвукува миксотофите да произведуваат токсини и слуз. Токсините може да ги убијат рибите и школките, а прекумерното лачење на слузот ја предизвикува пената и матната боја на водата во текот на летото, што пак може да ги запуши шкргите на рибите, при што тие се задушуваат и буквално се дават.

Научниците користат математички модели за подобро да се справат со уредувањето на животната средина и да ги проучат организмите во океаните, како и влијанието на риболов и климатските промени врз нив. Но, овие модели не го земаат предвид присуството и активностите на миксотрофите кои сега гледаме дека сочинуваат повеќе од половина од сите микроскопски планктони. Ова може да резултира со сериозни недостатоци и спорни резултати.

Научниците сугерираат дека треба да почнеме посериозно да ги сфаќаме миксотрофите и да го вклучиме нивното влијание во математичките модели кои се користат за да се предвидат климатските промени и да се олесни управувањето со животната средина. Тие можеби се микроскопски, но нивното влијание е огромно.

Поддржете ја нашата работа: