Фрижидер кој не користи струја

Во светот има 1,3 милијарди жители кои живеат без електрична енергија и каде одржувањето на храната претставува голем проблем.

Уредот е наречен „WindChill Food Preservation Unit“ и содржи цевка која воздухот го поврзува со комора за испарување којашто пак е поврзана со затворена комора за ладење каде што содржината се лади преку процес на испарувачко ладење.

Системот функционира преку пасивно влечење на воздухот од околината со инка која е поврзана со цевка која е закопана под земја. Со ова воздухот веќе почнува да се лади пред да стигне до свиткана бакарна цевка што е потопена во вода во комората за испарување. Процесот на испарување е потпомогнат и од мал фен кој работи на соларна енергија. Водата што испарува околу цевката, го лади внатрешниот воздухот и потоа пак го пренесува под земја пред да влезе во комората за ладење.


Овој проект е добитник на првата наградата на „Biomimicry Global Design Challenge“ за 2015 година, каде од истражувачите и студентите се бара на направат усовршувања на глобалниот систем за прехрана, инспирирани од природата. Во тимот од Универзитетот од Кагари велат дека инспирациата ја црпеле од се во природата – од коралите и кенгурите  до пчелите и слоновите, (подземното ладење како тунелите од термитите).

Следниот чекор е усовршување на дизајнот за да се постигне константна температура од 4,5 степени Целзиусови во комората за ладење, што претставува потребната температура за да се спречи расипувањето на храната. Уредот сега користи мало количество на енергија од соларен панел, но крајниот дизајн воопшто нема да користи енергија.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.