Како се топат глечерите на Монт Еверест, така суровоста на највисокиот врв на светот станува се поевидентна. Телата на загинатите планинари кои не можеле да се пронајдат или извлечат и останале закопани во снегот, поради глобалното затоплување и топењето на мразот и снегот почнауваат да се откриваат.
Скоро 300 планинари го имаат изгубено животот обидувајќи се да го освојот „кровот на светот“ а околу две третини од планинарите сеуште се наоѓаат на планината, пренесува Би-Би-Си.
Повеќе од 4.800 луѓе успеале да се искачан на Монт Еверест.
„Поради глобалното затоплување, снежната покривка и глечерите забрзано се топат, а телата кои останале закопани сите овие години почнуваат да излегуваат на виделина“, вели шерпасот Анг Тшеринг, поранешен претседател на Здружението на планинари на Непал.
Анг вели, дека последните години успеале да извлечат повеќе од десет тела на различни локации на планината, но се појавуваат и друго како што се топи ледената прекривка.
Фотографиите подолу се од загинати планинари на Монт Еверест низ годините, кои се подоцна пронајдени.