„Google“ ги заштитува своите подводни оптички кабли од ајкули

Заради некоја причина се чини дека на ајкулите повеќе им се допаѓаат оптичките кабли што се оптегнати по морското дно , отколку старомодните коаксијални бакарни кабли. Можеби ајкулите ги привлекува магнетното поле што се создава околу каблите.

Ајкулите ножат да го почувствуваат магнетното поле, па можно е каблите да предизвикуваат аларм доволен за ајкулата да ги нападне  се вели во извештајот на  Комитетот за заштита на кабли од Програмата за заштита на животната средина при ОН.

Најдрастичен пример забележен според извештајот е од  Канарските острови каде што работата на првиот оптички кабел четири пати била прекината како последица на напад на ајкула и тоа на длабочина од  1060 до 1900 метри.

 Ајкулите можеби ги гризаат каблите едноставно од љубопитност. Ако фрлите обично парче пластика во вид на кабел ајкулите најверојатно и тоа ќе го гризнат вели  Крис Лоу, истражувач од  Државниот Универзитет во Калифорнија.

Можеби ќе изгледа злобно, ама сепак ми делува утешително, тоа што, во модерново време, каде што луѓето живеат во иднината  и комуникациите се движат со брзината на светлината, каблите кои всушност го овозможуваат тоа се уште се под милост и немилост на еден прастар грабливец вели авторот на статијата  

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt